Утрински Весник
Свет

Гласачките места во северно Косово отворени, гласаат само Албанците, Србите бојкотираат

Гласачките места во северно Косово отворени, гласаат само Албанците, Србите бојкотираат

Во четирите општини со мнозинско српско население на северот на Косово – Северна Митровица, Лепосавиќ, Звечан и Зубин Поток – денеска се одржуваат вонредни локални избори откако градоначалниците од редовите на Српска листа поднесоа оставки во ноември минатата година противејќи се на одлуката на косовската влада да ги замени српските ознаки на регистарските таблички со ознаката РКС (Република Косово).

dobivaj vesti na viber

Во трката за градоначалници има десет кандидати, а од нив само Слаѓана Пантовиќ е од српската заедница. Таа е независен кандидат за градоначалник на општина Звечан.

Најголемата партија на Србите во Косово, пак, Српска листа, одлучи да не учествува на изборите и ги повика косовските Срби да го бојкотираат процесот. Слични повици упати и официјален Белград.

Централната изборна комисија (ЦИК) на Косово соопшти дека во 8:00 часот утринава се отворени сите 19 избирачки места во четирите општини. Според податоците на ЦИК, право на глас имаат 45 095 гласачи, а во општините Лепосавиќ и Звечан каде се гласа за советници, право на глас имаат 20 314 гласачи.

Можете да прочитате

Иранската полиција привела 21.000 лица за време на 12-дневната војна со Израел

Орбан: Украинците ја загубија војната, Русија победи, единственото прашање е кога Западот ќе го признае тоа

Си-Ен-Ен: Трамп и Путин ќе се сретнат во воздухопловната база Елмендорф-Ричардсон во Енкориџ