
Клучна работа е како да ѝ се вратиме на агората, како да се убедиме дека агората е таа што е важна, дека агората менува, изјави Искра Гешоска, директорка и програмски уредник на КРИК – Фестивал за критичка култура и на Контрапункт во интервју за Рацин.мк.
Таа вели дека социјалните мрежи можат да бидат мал поттик, но дека тие не се местото каде што се случува револуцијата.
„Социјалните мрежи можат да бидат мал поттик, а да не збориме дека социјалните мрежи, ќе бидам адвокат на ѓаволот, дека нив ги поседуваат оние против кои се бориме. Тоа никако не смееме да го заборавиме и да го имаме на ум и тоа да биде еден од моделите на оптор“ вели Гешоска.
Таа во интервјуто за Рацин.мк истакнува дека низ вековите имало начини како луѓето да се организираат и да организираат посериозни револуции, без помошта на социјалните мрежи.
„Мора да рзбереме дека треба да излеземe повторно од тој комфорт, апатичен. А да не зборуваме за сите психо-социјални проблеми што ги создаваат во една личносна структура социјалните мрежи. Мора од таму да се излезе, таму се сите некако храбри“, потенцира Гешоска во интервјуто за Рацин.мк.