Утрински Весник
Свет

Германските војници се повлекоа од Гренланд

Vojnici.webp.webp

Германскиот воен разузнавачки тим од 15 војници денеска го напушти Гренланд и се упати кон Копенхаген.

Претходно беше најавено дека тимот на Бундесверот подолго ќе остане на Гренланд.

– Останува нејасно дали Германија ги повлекува своите војници под влијание на најавените казнени царини на американскиот претседател Доналд Трамп за земјите кои се против  неговата агресивна политика кон Гренланд или дали постојат други причини за нивното повлекување, објави германскиот весник Билд.

Германските војници на Гренланд пристигнаа пред два дена, како дел од извидувачка мисија на земјите од НАТО на покана на Данска. Целта беше воена вежба, како и истражување на други опции за вежби и распоредување на војници.

Можете да прочитате

Осум европски земји предупредуваат: царинските закани од САД носат сериозни ризици

Фредериксен: Европа нема да биде уценувана

Работници од Непал штрајкуваат во Хрватска