Утрински Весник
Економија

Германските компании размислуваат да се преселат на поевтини локации во странство

Германските компании размислуваат да се преселат на поевтини локации во странство

Германските мерки за помош со високите трошоци за енергија ќе донесат само ограничено олеснување и веројатно нема да ги одвратат компаниите кои веќе одлучија да го преселат производството на поевтини локации во странство.

dobivaj vesti na viber

Германската влада минатиот месец предложи пакет мерки за олеснување, вклучително ограничување на цените на бензинот и пониски акцизи, за да им помогне на домаќинствата и малите и средни бизниси да се справат со скоковите на цените.

„Предложениот пакет за енергетско олеснување кој моментално е на дневен ред нема да промени ништо. Мораме да продолжиме да бараме алтернативи“, изјави извршниот директор на баварскиот производител на порцелан Розентал Мадс Рајдер.

Компанијата, основана во Германија пред 143 години, размислува да премести делови од своето производство во странство за да ги намали трошоците, а Рајдер рече дека планот за ограничување на цените на бензинот е сè уште премногу нејасен за Розентал да ги преиспита своите планови.

Високите трошоци за работна сила во Германија принудуваат многу компании да преселат делови или целокупно нивно работење на поевтини локации во европските економии во развој и други делови од светот, или барем да ја разгледаат можноста.

Економскиот советник на германскиот министер за финансии Ларс Фелд изјави дека енергетската криза и скокот на цената на бензинот по намалените испораки од Русија го забрзале тој процес.

Германската индустрија плаќа и до 10 пати повисоки цени на енергијата од пред две години, а дури една петтина од инженерските компании предупредуваат дека би можеле да преселат барем дел од своето работење во странство, покажува минатомесечното истражување на синдикатот ИГ Метал.

Индустриските здруженија првично го изразија своето задоволство од презентираниот пакет енергетски олеснувања, кој вклучува привремен лимит за цените на струјата, со цел субвенционирање на основната потрошувачка за граѓаните, малите и средните претпријатија, а дел од компаниите се оптимисти.

Производителот на текстил Wuelfing изјави дека ќе се откаже од планираното преселување во Португалија или Пакистан доколку владата ги ограничи цените на енергијата на двојно повеќе од нивото во 2020 година.

„Тоа ќе помогне, но сè уште не знаеме точно што да очекуваме“, рече извршниот директор на Wuelfing, Јоханес Доу.

Германското здружение за мали и средни претпријатија објави дека не гледа конкретни индиции за зголемено движење на производството во странство бидејќи кризата со цените на енергијата ги погодува сите европски земји.

Дојче банк во своето истражување оценува дека поради поскапувањето на енергенсите, производството во Германија ќе се намали за 2,5 отсто оваа година и за пет отсто во 2023 година.

Можете да прочитате

Дурмиши: Oд март 2025 зголемување на минимална плата

УПОЗ не отстапува од барањето за покачување на минималната плата на 450 евра

Се подготвува новогодишната кошничка: Околу 600 производи еден месец ќе бидат по намалена цена