Градоначалниците на градовите од Источна Германија денеска ја повикаа сојузната влада да преземе чекори за надминување на проблемите предизвикани од зголемениот број бегалци, а некои градоначалници предупредија и на јакнењето на радикалната десница, која политички го искористува бегалското прашање.
„Поради наглото зголемување на бројот на бегалците, ни требаат и повеќе пари“, беше соопштено по Конференцијата на градоначалници на градовите од Источна Германија во Франкфурт на Одра.
Градоначалниците ја критикуваа неефикасноста на германската влада во ограничувањето на бројот на бегалци кои доаѓаат преку т.н. балканската рута или Италија и чиј број нагло се зголеми во првиот квартал.
„Она што ни треба е структурирана миграциска политика, но досега не видовме знаци што би довеле во таа насока“, рече претседателот на Собранието на германските градови, Хелмут Деди.
Тој рече дека со пари нема да се решат проблемите бидејќи недостига и сместување за бегалците. Во исто време, како што е најавено, не е доволна сумата од 1,5 милијарди евра, која беше издвоена лани за згрижување на над милион бегалци од Украина.
Покрај сместувањето и храната, потребно е и финансирање на проекти за интеграција како курсеви по германски јазик, стои во завршниот документ.