Утрински Весник
Свет

Германскиот парламент го отфрли предлогот за испорака на ракети Таурус на Украина

German bundestag

Германскиот парламент го отфрли предлогот поднесен од конзервативната опозиција за снабдување на Украина со ракети со долг дострел Таурус.

Против проектот синоќа гласаа речиси сите пратеници од владејачката трипартиска коалиција.

Овој развој на настаните може да изгледа збунувачки со оглед на тоа што две од трите партии кои се дел од владата, Зелените и Слободната демократска партија, со месеци го повикуваа социјалдемократскиот канцелар Олаф Шолц да ги испрати проектилите што Украина би можела да ги искористи за да изврши напади во териториите окупирани од Русија, пишува ДПА.

„Таурус“ се едни од најнапредните ракети и можат да уништуваат бункери и од голема височина и оддалеченост.

На почетокот на октомври минатата година, германскиот канцелар одлучи да не испорачува такво оружје на Украина.

Аргументот изнесен од Шолц во тоа време беше загриженоста дека Киев би можел да ги користи ракетите Таурус, кои имаат дострел од 500 километри, за да нападне длабоко во руска територија.

Сепак, според експертите, ова оружје може да и помогне на Украина да го врати својот територијален интегритет.

Можете да прочитате

Иран нема да отстапи под притисок во нуклеарните преговори со САД

Муцунски телефонски разговарал со новата министерка за надворешни работи на Бугарија

Затруени повеќе од 100 бебиња во Европа од токсин во адаптирано млеко