
Германскиот Бундестаг усвои контроверзен пакет реформи на пензискиот систем, со кој се гарантира ниво на пензија од 48 проценти од просечната плата до 2031 година. Овие реформи предизвикаа многу контроверзии, а кој беше предложен од владејачката коалиција на канцеларот Фридрих Мерц, пренесува ДПА.
Нивото на пензиите ќе се задржи на 48 проценти од просечната плата до 2031 година, со цел да се спречи растот на пензиите да заостанува зад зголемувањето на платите, пишува Н1.
Еден од трите предлог-закони во пакетот предизвика особено негодување во самата ЦДУ на Мерк, каде што младинското крило на партијата се закани дека ќе гласа против него поради страв дека идните реформи би можеле да ја чинат државата милијарди евра.
Германија се соочува со брзо стареење на населението, што значи дека има сè помалку граѓани на работоспособна возраст кои можат да го носат товарот на плаќањата за растечкиот број пензионери.

