Утрински Весник
Спорт

Германски тинејџер почина по тепачка на младински фудбалски турнир во Франкфурт

Германски тинејџер почина по тепачка на младински фудбалски турнир во Франкфурт

15-годишен младински фудбалер на тимот на ЈФЦ Берлин почина во болница по напад од еден член на академијата на францускиот ФЦ Мец на турнир во Франкфурт, објавија германските медиуми.

dobivaj vesti na viber

Според „АФП“, германскиот тинејџер добил повреди на главата и мозокот по тепачката која се случила по крајот на мечот против младинскиот тим на францускиот прволигаш. Тој бил удрен во главата или вратот, пред да колабира и да биде привремено вратен во живот. За нападот е виновен 16-годишен француски фудбалер, кој е уапсен и е во притвор.

„По тепачка во неделата, 15-годишно момче почина во болница со сериозни повреди на мозокот. За да се разјаснат сите детали а инцидентот, во следните неколку дена ќе биде извршена аутопсија“, објавија од полицијата во Франкфурт.

Францускиот клуб објави дека е „во длабок шок“ од трагедијата, но посочија дека осомничениот напаѓач немал намера да нанесе сереиозни повреди.

Можете да прочитате

Мареј: Побегнав од моите деца, а во Новак добив едно големо дете

Ла Лига ја одби жалбата за суспензијата на Винисиус

Гвардиола по 30 години се раздели со сопругата Кристина