Утрински Весник
Свет

Германски разузнавач разрешен поради врски со Русија

Германски разузнавач разрешен поради врски со Русија

Германската министерка за внатрешни работи Ненси Фезер го отпушти директорот на Федералната канцеларија за сајбер безбедност (БСИ) Арн Шонбом поради неговата наводна блискост со руските разузнавачки кругови.

dobivaj vesti na viber

„Обвинувањата против Шoнбом ја нарушија довербата на јавноста неопходна за извршување на функцијата шеф на најважната германска институција за сајбер безбедност“, се вели во соопштението на Министерството за внатрешни работи.

Партиите од владејачката коалиција, Зелените и Либерално-демократската партија (ФДП) ја поддржуваат одлуката на социјалдемократскиот министер, додека опозициските демохристијани зборуваат за „жртвување пион“.

Медиумите шпекулираат дека одлуката на Фезер е поврзана со критиките кон Шoнбом поради неговото членство во Здружението за кибер безбедност на Германија, кое е тесно поврзано со руските разузнавачки кругови и кое сега веќе поранешниот директор на БСИ самиот го основал пред десет години.

 

Можете да прочитате

Русија го казни Google со луда сума

Голем пожар во Берлин: многу повредени

Извештај на ОН: Светот се движи кон двојно повисоко глобално затоплување од целта