Утрински Весник
Свет

Германски полицаец загина, а друг е тешко повреден додека го обезбедувале Виктор Орбан

Viktor Orban.jpg

Еден германски полицаец загина додека друг е тешко повреден во сообраќајна несреќа во Штутгарт додека го придружувал унгарскиот премиер Виктор Орбан до аеродром.

Орбан се враќаше од натпреварот меѓу Унгарија и Шкотска кој се одигра во неделата на Европското фудбалско првенство кое се одржува во Германија. Инцидентот се случил во понеделникот наутро додека мотоциклистичката екипа на сообраќајната полиција го спроведувала Орбан до аеродромот.

Германските медиуми јавуваат дека возачот на автомобилот, кој не знаел дека раскрсницата е затворена за сообраќај, се обидел да сврти, но се судрил со полицаец на мотор.

Длабоко сме шокирани од несреќата на нашите колеги. Трагичните околности на смртта на нашиот ценет колега не оставија без зборови и ја погодија целата полиција во Штутгарт до срж – изјави началникот на локалната полиција.

Можете да прочитате

ГЛОБАЛЕН АЛАРМ: ИЕА предупредува на енергетска криза – се бара работа од дома, пар-непар возење и помалку летови

Ирак прогласи виша сила за нафтените полиња развиени од странски компании

Германската автомобилска индустрија вработува помалку работници