Утрински Весник
Свет

Германска министерка се изјасни за забрана на огномети во Германија

Capture 16.jpg

Повредите и смртните случаи од моќни огномети низ Германија за време на новогодишните празници повторно поттикнаа дебата за нови ограничувања или дури и можна забрана на огномет низ целата земја, јави ДПА.

Министерката за внатрешни работи за Берлин, Ирис Спренгер, денеска се изјасни за широка забрана за огномет во земјата со ограничени локални исклучоци и рече дека федералната влада има должност да дејствува.


– Ги поддржувам повиците за општа забрана за огномет, изјави Спрангер за ДПА.

Според сегашниот германски закон, огнометите се регулирани како експлозиви, но генерално се дозволени, при што на локалните власти им е доделено само одредено ограничено овластување да наметне дополнителни ограничувања.

Во Берлин во последните години имаше прослави со големи огномети низ целиот град, а Спрангер рече дека претпочита нова законска рамка што ќе му овозможи на градот да го ограничи огнометот само на неколку одредени „зони со дозвола за пиротехника.

Можете да прочитате

Француската полиција заплени дрога вредна 130 милиони евра 

Мистериозна болест ја пустоши Кина – Се појавија снимки од преполни болници со пациенти со маски на лицето

Најмалку осум лица го загубија животот, а 15 се повредени во пожар на пазар во Кина