Утрински Весник
Свет

Германија воведува задолжителна воена обврска од 2026 година

Slove 1.jpg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Од јануари 2026 година, Германија повторно воведува задолжителна воена обврска, при што сите мажи од одредена возраст ќе мора да пополнат прашалник на Бундесверот и да поминат лекарски преглед. Непочитувањето на обврската може да резултира со парична казна до 1.000 евра или принудна регрутација.

Прашалникот содржи 14 прашања со кои се проценува подготвеноста и интересот за служба, а можност за пријавување ќе имаат и жените. Министерството за одбрана потврди дека оние што нема да одговорат или ќе дадат неточни информации ќе сносат последици според закон. Од јули 2027 година, лекарскиот преглед ќе стане задолжителен за сите мажи, а непојавувањето може да доведе и до полициско приведување.

Првите прашалници ќе бидат испратени во средината на јануари, а месечно ќе бидат контактирани околу 54.000 млади лица. Министерот за одбрана Борис Писториус изјави дека новиот систем има цел да го зајакне Бундесверот и да го зголеми бројот на војници на 270.000 до 2035 година.

Можете да прочитате

Протест во Бугарија по отпуштањето на новинарката Марија Цанцарова

Грета Тунберг уапсена во Лондон за време на протест

Писториус: Путин се обидува да го разниша НАТО одвнатре