Утрински Весник
Економија

Германија се подготвува за национализација на филијалата на „Гаспром“

Германија се подготвува за национализација на филијалата на „Гаспром“
Dik 300x250 mk

Германската влада формираше холдинг компанија за да ја изврши евентуалната национализација на „Гаспром Германија“, енергетскиот бизнис од кој рускиот „Гаспром“ излезе во април, објави германскиот весник „Велт ам Зонтаг“.

dobivaj vesti na viber

Во април германскиот енергетски регулатор објави дека ќе управува со „Гаспром Германија“ (трговија, складирање и пренос) во интерес на Германија и Европа.

Новиот холдинг наречен Securing Energy for Europe Holding GmbH (SEEHG) е одговорен за инвестициите на компанијата, објави весникот, наведувајќи дека директорите се двајца адвокати од адвокатската фирма CMS Hasche Sigle, која одби да го коментира извештајот, наведувајќи ги обврските за доверливост.

Германското Министерство за економија соопшти дека знае за холдинг-компанијата и дека нејзиното основање е превентивен чекор за какви било мерки за реструктуирање.

„ Тоа е мерка на претпазливост која во моментов постои само како обвивка на корпоративното право“, изјави портпаролот на Министерството за „Велт ам Зонтаг“.

Можете да прочитате

Димитриеска-Кочоска: Зголемување на пензиите се очекува и следната година

Со еврообврзница од 950 милиони евра ќе се финансира јавниот долг за следната година

УЈП: Истече рокот за поднесување и плаќање на ДДВ обврските за третиот квартал