Утрински Весник
Свет

Германија испраќа моќно оружје во Украина, Русија реагира

Германија испраќа моќно оружје во Украина, Русија реагира

Германија има намера да и’ испорача на Украина околу 40 борбени возила од типот „Мардер“ пред крајот на првиот квартал од годинава, изјави денеска владиниот портпарол Штефен Хебестрајт.

dobivaj vesti na viber

Противвоздушниот систем „Патриот“ од воените залихи исто така ќе биде испорачан на Украина во првиот квартал, изјави портпаролот за Ројтерс.

Обуката за „Мардер“ ќе се одржи во Германија и ќе трае осум недели, додаде тој. Вицеканцеларот Роберт Хабек претходно изјави дека Германија треба да ги испрати сите „Mардери“ во Украина.

Руската амбасада во Берлин ја осудува одлуката на Германија да ги испрати борбените возила во Киев.

„Најостро ја осудуваме оваа одлука и ја гледаме како уште еден чекор кон ескалација на украинскиот конфликт. Одлуката изгледа особено цинична пред православните божиќни празници и прекинот на огнот еднострано објавен од рускиот претседател во оваа насока“, се наведува во соопштението, пренесува ТАСС.

Амбасадата додава дека Берлин го презел овој чекор „под сериозен притисок од Вашингтон“.

„Пумпањето на Киев со оружје и тешка воена опрема е морална линија која германските власти не требаше да ја преминат, со оглед на историската одговорност на Германија“, се вели во соопштението. Како што јави „ТАСС“, амбасадата посочи дека „со усвојувањето на оваа одлука станува се појасно дека Германија и другите западни земји не се заинтересирани за мирно решение на конфликтот“.

Можете да прочитате

Трамп: „Нема договор, но сме блиску“ – Путин: „Ова е почетна точка“

Путин и Трамп со заедничка прес-конференција во живо

Трамп и Путин слетаа во Алјаска