Утрински Весник
Свет

Германија и САД испраќаат оклопни возила во Украина

Германија и САД испраќаат оклопни возила во Украина

Германија и САД ќе ја снабдуваат Украина со оклопни возила, објавија германскиот канцелар, Олаф Шолц, и американскиот претседател, Џо Бајден во заедничка изјава по телефонскиот разговор.

dobivaj vesti na viber

Во заедничката изјава по разговорите, Соединетите држави соопштија дека на Украина ќе и дадат борбени возила на пешадијата Бредли, додека Германија ќе обезбеди борбени возила „Мардер“. Двете земји ветија дека ќе ги обучуваат украинските војници како да го користат новото оружје, се нагласува во соопштението за печатот.

Се додава дека „на крајот на декември, Соединетите Држави најавија испорака на системот за противвоздушна одбрана „Патриот“ на Украина, а Германија ќе им се придружи на САД во испораката на дополнителен систем за противвоздушна одбрана „Патриот“ на Украина.

„Претседателот Бајден и канцеларот Шолц ја изразија својата заедничка решеност да продолжат да ја обезбедуваат потребната финансиска, хуманитарна, воена и дипломатска поддршка на Украина онолку долго колку што е потребно“, се додава.

Најавата доаѓа по одлуката на Франција претходно оваа недела да испорача извиднички возила опишани како „лесни тенкови“.

Можете да прочитате

НАТО: Поддршката за Украина продолжува

Израел прифати примирје со Хезболах

Телефонски разговор Трудо-Трамп – 24info.mk