Утрински Весник
Свет

Германија го олеснува доаѓањето на работници од Балканот

Германија го олеснува доаѓањето на работници од Балканот
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Германската влада подготвува реформа на законот за имиграција, чија цел е да се забрза доселувањето на квалификувана работна сила, пренесува Дојче Веле.

dobivaj vesti na viber

Правилото за имиграција за шесте земји од Западен Балкан (Албанија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Косово, Македонија и Србија) беше воведено на почетокот на 2016 година, меѓу другото, за да се спречи практиката со која жителите на овие земји се обидуваат да го користат имиграцискиот систем азил за добивање работна дозвола за Германија, пишува DW.

Во четвртокот Бундестагот за првпат расправаше за предлогот за нов закон за имиграција кој подобро ќе го регулира приливот на многу потребната работна сила во Германија. Правилото за Западен Балкан не е дел од новиот закон за имиграција, туку е дел од одредбата за која паралелно се разговара во редовите на социјалдемократската-зелено-либералната влада. Според информациите на ДВ, Министерството за труд во четврток треба да донесе одредба според која правилото за Западен Балкан се продолжува за една година, а контингентот се зголемува од сегашните 25 проценти на 50 илјади годишно.

Можете да прочитате

Се урна приватен авион во Северна Каролина

САД предлагаат забрана за интервенции за промена на пол кај деца

ЕУ бара договор за финансирање на Украина со замрзнати руски средства