Утрински Весник
Економија

Германија без реформи ризикува долгорочен економски пад

Germanija 1.webp.webp
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Германија се соочува со ризик од долгорочен економски пад доколку брзо не се спроведат структурни реформи, предупреди претседателот на Германската индустриска и трговска комора (DIHK), Петер Адријан, укажувајќи на слабиот раст, падот на инвестициите и загубата на работни места.

– Доколку не се справиме со структурните предизвици и не спроведеме вистински реформи, имаме мали шанси повторно да постигнеме одржлив и силен раст во Германија, изјави за dpa Адријан.

Тој посочи дека продолжената стагнација ќе ја ослабне меѓународната позиција на земјата и ќе го намали фискалниот простор на федералната влада.

– Доколку продолжиме вака како што сме, доколку економијата продолжи да стагнира или економскиот раст остане толку слаб, тогаш ќе заостануваме на меѓународно ниво, рече тој.

Германската економија бележи пад во 2023 и 2024 година, а прогнозите за оваа година укажуваат на минимален раст без значително закрепнување во 2026 година. – Само во индустријата изгубивме уште 170.000 работни места за само една година. Капиталните инвестиции паднаа на нивото од 2015 година. Ова значи дека изгубивме една деценија во однос на инвестициите ,рече Адријан.

Можете да прочитате

МФ исплати нови транши кон Развојната банка за поддршка на домашните компании

УЈП потсетува: Рок до 31 декември за извештаи за зелените пазари

Магистралните гасоводи за кои се вложени над 143 милиони евра се уште не се ставени во употреба