Утрински Весник
Спорт

Германците ја преживеаја Латвија и глупостите на Шредер, изборија полуфинале против САД

Германците ја преживеаја Латвија и глупостите на Шредер, изборија полуфинале против САД

Германија ја победи Латвија со 81:79 и се пласира во полуфиналето на Светското првенство.

dobivaj vesti na viber

Германците се единствената непоразена репрезентација во досегашниот тек на Мундобаскетот. Беа фаворити против Латвија, на крајот го преживеаја последниот шут на Бертранс и неодговорната игра на Денис Шредер.

Бертранс од 10 метри не погоди со звукот на сирената, а Шредер во текот на целиот натпревар форсираше и носеше лоши одлуки. Играчот со НБА педигре погоди само четир од 26. обиди од поле (ниту една тројка од осум обиди).

Латвијците подобро влего во натпреварот, стекнаа предност од 10 поени, 3:13, но Германците експресно се вратија. Егал се играше се до почетните минути на последната четвртина, кога Германија со серија 9:0 успеа да создаде 14 поени предност. Латвија се врари со три брзи тројки, а потоа максимално ги искористи лошите одлуки на Шрудер.

Плејмејкерот лошо го организираше последниот напад на Германија, Латвијците ја освоија топката, но Бертранс не успеа да погоди за победа.

Франц Вагнер постигна 16 поени, неговиот брат Мориц 12, а Андреас Обст 13 поени. Кај Литванија блескаше Жагарс со 24 поени и девет асистенции, Бертранс постигна 20 поени (шест тројки), а Шмитс 14 поени.

Германија во полуфиналето ќе игра против репрезентацијата на САД.

Можете да прочитате

Рутинска победа на Реал кај Леганес

Дебакл на Хрватска во БиХ, Хрватите ќе останат без место на ЕП

Повредата на Димитријевиќ не е сериозна: Беше само силен грч , се ќе биде во ред набрзо