Утрински Весник
Спорт

Герет Бејл замина во фудбалска пензија на 33 години

Герет Бејл замина во фудбалска пензија на 33 години

Велшкиот голгетер, Герет Бејл, објави повлеување од фудбалот на 33 години. Поранешниот фудбалер на Саутемптон, Тотенхем и Реал Мадрид, кој се приклучи на американскиот Лос Анџелес ФЦ, ја објави својата одлука н социјалните мрежи.

dobivaj vesti na viber

„По внимателно размислување, објавувам повлекување од клупскиот и од репрезентативниот фудбал. Имав многу среќа што го остварив мојот сон за играње во спортот кој толку го сакам, и кој ми даде некои од најдобрите моменти на мојот живот. Најдобрите моменти во последните 17 години нема да можам да ги повторам без разлика што ме чека во иднина. Одлуката да се повлечам од репрезентацијата на Велс беше најтешка во мојата кариерата. Среќата да се биде Велшанец и да се биде капитен на репрезентацијата ми беше најдобро искуство, да бидам дел одисторијата на оваа неверојатна земја“, вели Бејл.

Бејл произлезе од академијата на Саутемптон, каде што дебитираше на 16 години, по што во 2007 година направи трансфер во Тотенхем. Почетоците во лондонскиот клуб не беа најдобри – тој немаше гол во првите 24 меча во Премиерлигата, но потоа влезе во врвна форма, откако во 2012/13 имаше 21 гол во Премиерлигаата.

Ова му помогна да го направи трансферот во Реал Мадрид во 2013 за тогаш рекордни 100.8 милиони евра. Во Реал, покрај Кристијано Роналдо и Карим Бензема тој имаше 106 гола во 258 настапи и пет пати ја освои титулата од Лигата на шампионите и трипати беше шпански шампион. Тој постигна фантастичен гол со ножички во финалето во 2018 од ЛШ против Ливерпул, а беше стрелец и во финалето во 2014 против Атлетико Мадрид.

Но, последните години, повредите и слабата форма придонесоа навивачите на Реал и шпанските медиуми да се свртат против него. Тој се врати во 2020 на позајмица во Тотенхем, пред минатото лето да си замине од Мадрид по крајот на договорот.

Можете да прочитате

Тежок инцидент во РК Загреб, Кос го нокаутирал соиграчот Мандиќ

ФИФА го избира најдобриот: Родри, Вини или можеби Меси?

Омерагиќ официјално кандидат за претседател на ФФМ