Утрински Весник
Скопје

Герасимовски: Во Центар покажавме дека може да се работи со соработка и почит меѓу сите советници

Gerasimovski.webp.webp
Dik 300x250 mk

Кандидатот за градоначалник на Општина Центар Горан Герасимовски, во интервју за медиумот „Пари”, најави дека во следниот мандат Општината ќе вложи во нова механизација и човечки ресурси со цел самостојно одржување на хигиената и целосно решавање на проблемот со паркирањето.

„Во следниот мандат правиме набавка на уште повеќе механизација две нови цистерни, пет метларки, а ќе го зајакнеме и тимот на хигиеничари. Ова ќе значи дека сме подготвени и самостојно да ја одржуваме хигиената и да не зависиме од никого, и јас ова неколку пати го барам,” изјави Герасимовски.


Тој потсети дека во изминатиот мандат Општина Центар успеала да ја задржи чистотата и покрај, како што рече, „санитарната катастрофа” која го зафати Скопје, благодарение на новата механизација, 120 хигиеничари и ефикасна организација.

„Бевме подготвени со нова механизација, тим од 120 хигиеничари и добра организација, па Центар остана чист и покрај хаосот што го зафати градот,” додаде тој.

Герасимовски најави и конкретни решенија за паркирањето реализација на монтажниот паркинг во Капиштец, кој не се реализирал поради блокада од Градот Скопје, како и изградба на 300 подземни паркинг-места во Дебар Маало, под новата граѓанско – административна зграда на Општината.

„Еден од клучните проекти што ќе го завршиме е монтажниот паркинг во Капиштец, а со изградбата на подземниот паркинг во Дебар Маало значително ќе се растовари сообраќајот во централното градско подрачје,” истакна кандидатот.

Во врска со кризата во комуналната хигиена во Скопје, Герасимовски оцени дека таа е последица на партиски пресметки и недостаток на политичка одговорност, подвлекувајќи дека во Центар се работи во духот на соработкa.

„Жално е што на Скопје му се случи оваа хаварија поради партиски расправии. Во Центар покажавме дека може да се работи со соработка и почит меѓу сите советници, и така ќе продолжиме и во следните четири години,” порача Герасимовски.

Можете да прочитате

Мециновиќ: Повикувам на поддршка од сите здраворазумни луѓе, од граѓанскиот сектор – победата ќе биде надпартиска, таков ќе биде и мандатот

Герасимовски: Со преземање на ингеренции на Комунална хигиена и формирање општинско претпријатие го решаваме проблемот со сметот

Утре и во недела посебен режим на сообраќај во Скопје