Утрински Весник
Скопје

Герасимовски: Вкупно 138 стипендии доделени во науката, спортот, културата и социјалната поддршка

Whatsapp image 2025 11 14 at 12.55.11 0b8d253a.jpg

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, денеска додели 8 стипендии за ученици кои доаѓаат од социјално загрозени семејства.

„Секое дете заслужува еднаква шанса. Продолжете да учите, да се трудите и да ги следите своите соништа. Успехот доаѓа кога веруваме во себе и кога не се откажуваме,“ порача градоначалникот Горан Герасимовски.


Со ова, вкупниот број на доделени стипендии во учебната 2025/2026 година достигна 138, во области на наука, спорт, култура и социјална поддршка.

Општина Центар продолжува да ги поддржува сите ученици кои со своите резултати и успеси покажуваат посветеност, труд и желба за напредок.

Можете да прочитате

Автобус симнал патници среде улица затоа што снемало гориво

Институциите молчат за закланите коњи во ЗОО Скопје, порачаа од Анима Мунди

Евакуираните македонски државјани од ОАЕ стигнаа во Скопје