Утрински Весник
Скопје

Герасимовски: Вечерва, џез верзија на македонски евергрини на пјацетата кај Италијанска амбасада

Jazz Pod Lamba.jpeg

Вечерва, со почеток во 19.00 часот ќе се одржи настанот „Џез под ламба” на пјацетата кај Италијанска амбасада. На овој настан, граѓаните ќе имаат можност да слушнат џез верзија на познатите македонски евергрини од Искра Србиновска квартет.

Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски ги поканува сите граѓани на добра македонска музика во пресрет на новогодишните празници.


„Вечерва заедно ќе слушаме и уживаме во нашите најпознати македонски евергрини, преточени во џез стил. Ги поканувам сите скопјани на добра музика, греано вино о печени костени. Со вакви настани поттикнуваме креативност, ги зближуваме граѓаните и создаваме топла и празнична атмосфера, која ќе ги поврзе љубителите на македонската музика, култура и традиција”, изјави Герасимовски.

Можете да прочитате

Почна реконструкцијата на спортската сала на Работнички

Позитив на денот: Две бебиња пингвини ја збогатија Скопската Зоолошка градина во Скопје

Град Скопје демантира: Немаме ние договор за ангажирање на уметници за 2024 година, таа обврска ја преземала Комората на музичка индустрија