Утрински Весник
Скопје

Герасимовски: Учениците до 10 години може да бидат згрижени во градинките и за летниот распуст

Whatsapp Image 2024 06 18 At 12.34.55 B7188ff8.jpg

Општина Центар известува дека учениците до 10 години ќе може да бидат згрижени во градинките за време на летниот распуст до исполнување на капацитетите. Денеска Општина Центар потпиша Меморандум за соработка со основните училишта и градинките за меѓусебна поддршка и соработка на проекти и работилници во областа на образованието.

„Преку оваа соработка сакаме да им излеземе во пресрет на сите родители кои поради работните обврски имаат потреба од згрижување на нивните деца до 10 годишна возраст. За таа потреба ги отвораме градинките и за школските деца каде со наставнички од основните училишта ќе имаат едукативни работилници и други активности за време на летниот распуст. Слободните места за упис на дечињата секако зависи од капацитетите на детската градинка”, потенцираше Герасимовски.

Општина Центар информира дека ученици до 10 години ќе може да бидат згрижени во 5 објекти, а за сите дополнителни информации и критериуми родителите може да се информираат во градинките.

Можете да прочитате

Град Скопје ќе доделува субвенции за замена на азбестни покриви

Град Скопје: Граѓаните, но и приватните превозници се заложници на политичкиот дилетантизам на ВМРО ДПМНЕ

Дезинсекција на скопска територија ќе се врши наредните денови