Утрински Весник
Скопје

Герасимовски: Со механизација измиени улиците во населбите Пролет и Маџир Маало, хигиената на прво место

Ulici 4.jpeg

Општина Центар информира дека вчера се спроведе акција за чистење и миење на улиците во населбите Пролет и Маџир маало, како дел од големата кампања „Центар не чека, Центар чисти”. Градоначалникот Горан Герасимовски, потенцира дека оваа кампања има за цел да ја подобри чистотата на јавните површини во Центар, да ја зголеми еколошката свест и да ги одржува улиците на повисоко ниво на хигиена, откако Град Скопје пред три недели потфрли.

„Одржувањето на хигиената во Центар е од голема важност за општината. Вчера, со механизација ги миевме улиците во населбите Пролет и Маџир Маало, а исто така, спроведовме и акција за чистење и уредување на школскиот двор во училиштето „Коле Неделковски”, којашто ја реализиравме со учениците, наставниците и родителите. Како општина, продолжуваме да се грижиме за нашата околина, чист Центар е наша заедничка одговорност”, истакнува Герасимовски.


Акцијата продолжува и во наредните денови, со чистење на другите делови од општината, со цел обезбедување почист и поуредуван Центар за сите негови жители и посетители.

Можете да прочитате

Арсовска: Апелирам, Јавното обвинителство да не биде политички промотор на власта и да не биде инструментализирано како ПР на ВМРО-ДПМНЕ и ВЛЕН

Скопје од 26 до 29 јуни ќе биде домаќин на Европското првенство во џудо за кадети

Водовод – Скопје најави стратешка и технички сложена интервенција за унапредување на водоснабдителниот систем