Утрински Весник
Скопје

Герасимовски: Со акцијата на Кале го расчистивме сметот, дезинфициравме и поставивме нови канти

Kale 4.jpeg

 Општина Центар информира дека комплетно е исчистено едно од маалата во населбата Кале коешто пред една недела беше претрупано со смет, оставено само со една канта за отпадоци и неисчистено од страна на ЈП „Комунална хигиена”. 

„Нашите општински служби интензивно работат на терен подобрувајќи ја хигиената на територија на Центар. На Кале, го исчистивме сметот, направивме дезинфекција, откако утврдивме дека има една канта поставивме повеќе канти за отпад и ги искречивме ѕидовите кадешто е позиционирана урбаната опрема за децата. Сега, ова маало има поубав и нов лик. Во текот на вчерашниот ден спроведовме голема акција за чистење, кадешто се подигнуваше сметот, се миеја улиците и се чистеа клупите на шест локации во централното градско подрачје. Со акцијата создаваме попријатен простор за живеење”, порачува Герасимовски.   


Можете да прочитате

Герасимовски: Очекувам во најкус рок иницијативата за вандализмот да се преточи во закон, барам поддршка од сите пратеници

Аеродром, Сарај и Чаир денеска без струја

Демант на ЈП Комунална Хигиена на изјава на градоначалникот Горан Герасимовски