Утрински Весник
Македонија

Герасимовски: Се стремиме кон општество ослободено од стегите на родовата нееднаквост

Герасимовски: Се стремиме кон општество ослободено од стегите на родовата нееднаквост

„Како Градоначалник на Општина Центар, можам да ви ветам дека ќе продолжам да се залагам за унапредување на човечките права на сите категории граѓани и во мојата агенда секогаш ќе има место за проекти што ќе ја зацврстат улогата на жената и ќе ја подигнат свеста за родовата еднаквост“, изјави вчера градоначалникот Горан Герасимовски на настанот „Остави трага“, посветен на младите, со цел да ги поттикнат на зголемено општествено учество и да ја подигнат свеста за еднаквоста во општеството.

dobivaj vesti na viber

Герасимовски исто така истакна дека како земја потписник на Истанбулската конвенција државата мора да се стреми кон општество ослободено од стегите на родовата нееднаквост, општество отворено за нови предизвици, демократско општество каде што се почитуваат вредноста и достоинството на сите граѓани.

„На територијата на Општина Центар активно дејствуваат неколку женски здруженија, сите програми за работа на службите се родово балансирани, а во самата Општина функционира интерсекторска група составена од претставници од сите сектори што работат на областа за родовата еднаквост и родовиот паритет под водство на ментор доделен од UN Women. Со оваа организација Општина Центар склучи Меморандум за соработка во чии рамки беа посетувани обуки од областа на развој на бизнис-идеја и бизнис-план, претприемаштво и менаџерски вештини, дигитален маркетинг, онлајн продажба и употреба на дигитални технологии за што беа доделени сертификати во зависност од посетената обука“, велат од општина Центар.

Настанот кој беше посветен на младите и подигањето на свеста за еднаквата застапеност во општеството е почеток на кампањата „Остави трага“ која ја спроведува Министерството со поддршката на Совет на Европа и Институтот за добро владеење и Евро-Атлантска перспектива.

Можете да прочитате

Минчев: Имаме преголема и пребавна јавна администрација, работиме на нејзино кратење

Кичево – Охрид ќе биде завршен до крајот на 2026 година, ветува Николоски

ВО МАКЕДОНИЈА ДОАЃА ГОЛЕМ ВЛАЖЕН И ЛАДЕН ЦИКЛОН: Ќе донесе многу дожд, снег и снежна покривка од над 40 сантиметри!