Утрински Весник
Скопје

Герасимовски: Се поклонуваме пред нашите борци, младите да го негуваат слободарско Скопје

Whatsapp Image 2024 11 13 At 14.09.25 A2a1b8f6.jpg

Општина Центар и Здружението на пензионери на општината, со хуманитарниот „Фестивал на симит и погача во срцето на Скопје”, го прославија големиот јубилеј – 80 години слободно Скопје.

Во  чест на 13 Ноември, пред муралот на Горан Стефановски  беше организиран добротворен базар со автентичните скопски специјалитети, а настанот го збогатија учениците од ООУ „Коле Неделковски” со рецитации и песни за својот град.

На фестивалот присуствуваа гости од пензионерските здруженија на другите општини, претставници на Сојузот на здруженијата на пензионери на Македонија и Сојузот на борци на Македонија.

Градоначалникот Герасимовски честитајќи го Денот на ослободување на Скопје, потсети на херојските подвизи на партизаните.

„Токму овде, во Дебар Маало кај некогашната учителска школа, се водеа најжестоките битки за слободата во која денес живееме. Да се поклониме пред храброста на нашите борци и да ги поттикнеме младите достојно да го чуваат наследеното и да го негуваат слободарскиот  карактер на нашето Скопје”, порача Герасимовски.

Можете да прочитате

Се реконструира улицата ,,Светозар Марковиќ” во Центар

„Комунална хигиена“ во февруари собрала 11.000 тони комунален отпад

Братот и вујко на загинатите мајка и ќерка во скопски Карпош се огласи – тие беа жртви на семејно насилство