Утрински Весник
Скопје

Герасимовски: Реконструкцијата на салата Работнички во завршна фаза

Sala rabotnicki 10.jpeg
Dik 300x250 mk

Градоначалник на Општина Центар, Горан Герасимовски, изврши увид во градежните активности во спортската сала „Работнички”, придружуван од Атлетската федерација на Македонија, Велосипедската федерација, Училишниот спортски сојуз, Шаховската, Одбојкарската, Карате, Џудо и Кајак федерациите, како и од ЗСД „Работнички” и ОК „Работнички”.

При увидот, констатирано е дека 80 проценти од реконструкцијата се завршени.


Поставен e централен семафор, а целосно се завршени осветлувањето и озвучувањето во салата. Се комплетираат трибините. Сите приоди се изведени, тоалетите се целосно опремени, се прават подготовки за поставување подно греење, а инсталациите и горниот простор наменет за федерациите се финализираат.

„По 50 години, Работнички добива нов лик и нови услови за спортски активности, согласно ФИБА стандардите. Федерациите конечно ќе добијат современи услови за работа, а нашите кошаркари место за тренинг и натпревари. Скопје добива модерна спортска сала, КК Работнички свој дом,” рече градоначалникот Герасимовски.

Со завршувањето на реконструкцијата, салата „Работнички” ќе стане современ спортски центар, со уреден терен, нови трибини, функционални соблекувални и административен дел за спортските федерации.

Можете да прочитате

Герасимовски: Во две смени работат нашите хигиничари, Комунална хигиена мора да се освести ни се спрема катастрофа

„Независни за Карпош“ со Демант за написот „Се отвора паричникот: Kој ќе ги купи „независните” во Карпош?”

Аеродром се уште се гуши во отпад – Се испразнија само неколку контејнери (ФОТО)