Утрински Весник
Скопје

Герасимовски: Преку хуманитарни базари ги учиме децата на солидарност и емпатија да помагаат кадешто е најпотребно

Whatsapp Image 2024 12 18 At 09.23.23 09a45b22.jpg

Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски вчера присуствуваше на предновогодишните хуманитарни базари што се одржаа во двете основни училишта „Кирил и Методиј“, „Коле Неделковски“ и градинката „13 Ноември“. На овие базари, изложени беа креативни рачни изработки на учениците и дечињата.

Герасимовски, потенцираше дека ваквите хуманитарни активности се важен дел од образовниот процес, затоа што најмладите од мали нозе се учат за солидарност и за емпатија да се помогне онаму кадешто е најпотребно.


„Упатувам огромна благодарност до сите ученици кои учествуваат на базарот, до наставниот кадар и до родителите кои ги подготвуваа изработките. Ваквите хуманитарни базари не само што носат радост и новогодишна атмосфера, туку исто така ги учат нашите деца на важноста на солидарноста, љубовта и помагањето на другите. Собраните средства ќе се донираат во хуманитарни цели“, изјави Герасимовски.

Можете да прочитате

Велосипедист прегазен пред пешачки премин во центарот на Скопје (ФОТО)

Ниту плата, ниту здравствено осигурување за вработените во Зоолошка: Банки и извршители веќе им тропаат на врата, пари немаат 45 дена

Герасимовски: Центар го поедностави уписот за првачиња, постапката по електронски пат