Утрински Весник
Скопје

Герасимовски: Отстранета доградената дивоградба на ресторанот „Мечка“, јавниот простор го враќаме на граѓаните

Whatsapp image 2025 11 26 at 10.55.27 2.jpeg

Во рамките на акцијата за отстранување дивоградби, Општина Центар ја урна нелегалната доградба на ресторанот „Мечка” во Дебар Маало.

Доградбата го блокираше тротоарот, дел од коловозот и пешачкиот простор.

 „Нема да дозволиме узурпирање на јавен простор поради приватни интереси. За секој објект каде што ќе утврдиме нерегуларности ќе издадеме решение за негово отстранување”, изјави градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски.

По неколку опомени и непостапување по издадените забелешки, механизацијата излезе на терен, во координација со инспекциските служби, и ја отстрани незаконски поставената конструкција, која го попречуваше нормалното движење на пешаците и функционирањето на сообраќајот.

Жителите на Дебар Маало ја поздравија акцијата и ослободувањето  на просторот што подолго време беше бесправно узурпиран.

Во тек е обемна и континуирана акција за воспоставување ред на јавните површини, со засилени инспекциски контроли и активности за расчистување на нелегално поставени објекти.

Целта е да се заштити јавниот интерес, како дел од пошироката стратегија за воспоставување ред  во општината.

Можете да прочитате

Се чисти кејот на реката Вардар

Лајка: Зголемен бројот на напуштени кучиња со активен микрочип

Деблокирана клучката кај Момин Поток – работите продолжуваат со забрзано темпо