Утрински Весник
Скопје

Герасимовски: Општина Центар го расчистува снегот, фрлени 15 тони сол, механизацијата е на терен

S1.jpeg

Службите на Општина Центар од утринава се на терен и интензивно работат на расчистување на снегот. Фрлени се 15 тони сол на коловозите, со приоритет на најкритичните точки. Механизацијата интервенира на пристапите кон Водно, каде што се расчистува снегот и се фрла сол.

Паралелно се чистат тротоарите и пешачките патеки, како и просторот околу здравствените установи,  училиштата и градинките, за безбедно движење на граѓаните и учениците.

Општина Центар ги повикува граѓаните да пријавуваат критични точки  со цел службите веднаш да интервенираат и да го расчистат теренот, на телефоните: 075 219 068, 076 313 381 и 075 476 768.

„Нашите служби се постојано на терен. Имаме доволни залихи на сол, а механизацијата го расчистува снегот на местата кои се под наша надлежност”,  рече градоначалникот Горан Герасимовски.

Можете да прочитате

Започна реконструкцијата на јавните пешачки површини кај ТЦ „Три бисери“во Аеродром

Левица: Орце Ѓорѓиевски додели тендер од еден милион евра на бизнисменкој ДПМНЕ го обвинуваше дека е градежна мафија и го бетонизира Влае

Без струја делови од Карпош, Ѓорче Петров, Аеродром и Кисела Вода