Утрински Весник
Скопје

Герасимовски: Ново Маало доби реконструирана улица „Блаже Тодоровски” и за првпат водоводна, фекална и атмосферска мрежа

Whatsapp Image 2024 08 29 At 14.56.06 4c7ab9fa.jpg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Градежните активности за реконструкција на улицата „Блаже Тодоровски” во Ново Маало влегуваат во завршна фаза. Денеска започна асфалтирањето на коловозот во должина од 135 метри и површина од 742 метри квадратни. Улицата доби нови тротоари, а изградена е и атмосферска, водоводна и фекална мрежа. Се очекува реконструкцијата целосно да биде завршена за десетина дена, по што улицата ќе биде пуштена во употреба.

Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски најави дека во наредниот период интензивно ќе се работи на санација и реконструкција на сообраќајната инфраструктура во целата општина:

„Целта ни е да постигнеме рамномерен развој и подеднакви услови за живот во секој дел од нашата локална самоуправа. Со реализација на овој проект во Ново Маало го решaваме горливиот проблем на жителите со изградба на водоводно канализациона мрежа, која досега не постоеше. Во наредниов период продолжуваме со реконструкција и санирање на повеќе улици во општината согласно зацртаната програма. Приоритет ни е модерна и квалитетно изведена патна инфраструктура за побезбеден и полесен сообраќај, посочи Герасимовски, кој изврши увид во градежните работи.

Во текот на оваа недела започнува и реконструкција на улицата „Елисие Поповски” во Капиштец. До крајот на годинава Општина Центар ќе ги реконструира и улиците: „Светозар Марковиќ”,  „Донбас”, „Алберт Ајнштајн”, „Андон Дуков” и „Дебарца”.

Можете да прочитате

Станкоска: Системските пропусти во јавниот превоз Орце ги решава со кампањи за подигање на свеста на граѓаните

ЈСП со повик до студентите да ги заверат бесплатнитe билети

Општина Аеродром започнува контроли на прекумерна бучава