Утрински Весник
Скопје

Герасимовски: Наградата „Феникс” е силна порака дека Центар ги вреднува знаењето, талентот и истрајност

454ae33c 7862 4e4a b8aa 94f83e80c9bd.jpeg

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, ја додели највисоката општинска награда „Феникс” за постигнувања во науката, уметноста, културата, спортот, воспитувањето и образованието за 2025 година.

Герасимовски потенцираше дека Општината и Советот ќе продолжат да ги поттикнуваат и вреднуваат трудот и успехот на своите жители.

„Наградата е признание за посветеноста и талентот на нашите сограѓани, кои ја афирмираат Општина Центар на домашната и меѓународната сцена. Особено ме радува фактот што добитниците се млади центарци, кои допрва ќе го градат својот живот и кариера”, нагласи Герасимовски, честитајќи им на наградените.

Тој им посака да продолжат со усовршување во науката, на спортските терени и во уметноста.

Добитници на „Феникс” се:
Софија Пиштолова, ученичка во ООУ „Јохан Хајнрих Песталоци” – модерни танци
Марко Татули, ученик во СУГД „Методија Митевски Брицо” – боречки спортови
Кристијан Јанев, ученик во СУГД „Орце Николов” – тенис
Тамара Танеска, ученичка во ООУ „Кочо Рацин” – природни науки
Виктор Вранишкоски, ученик во ООУ „Коле Неделковски” – пливање
Томи Тодоровски, ученик во ООУ „Киро Глигоров” – триатлон

Наградените добија дипломи и паричен износ од 30.000 денари.

Признанието „Феникс” го носи името на митолошката птица феникс, симбол на Општина Центар, кој ја претставува истрајноста, обновата и успехот.

Можете да прочитате

Град Скопје ќе ги реконструира спортските терени на Кејот на Вардар

Ѓорѓиевски и Љутков во работна посета на Скопското Кале: Локалитетот ќе се развива во жива културна сцена

Герасимовски со ансамблот „Орце Николов”: Македонската традицијата е дел од нашата програма