Утрински Весник
Скопје
300x250 opst2

Герасимовски: Набавуваме две нови цистерни и пет метларки за хигиената никогаш повеќе да не зависи од каприци и политички одлуки

Depo poc 2 1200x800 1.jpeg
300x250 opst2

Првиот човек на Општина Центар и кандидат за градоначалник, Горан Герасимовски, кандидатката за градоначалник на Скопје, Каја Шукова и претседателот на СДСМ Венко Филипче, ја посетија новиоѕ општинска депо-простор и ги разгледаа плановите за почиста и поуредна општина. При посетата, Герасимовски ја презентираше новата механизација и дополнителната опрема, како дел од заложбата Центар самостојно да ја одржува хигиената и паркинг сервисот.

„Во следниот мандат планирам дополнително да ја зајакнеме механизацијата со набавка на две нови цистерни и пет метларки, за да му го вратиме сјајот на Центар што го паметиме од нашето детство, кога секое утро улиците се миеја со цистерни. Имаме врвно претпријатие за хигиена и паркинг-сервис. Пример за тоа е новото депо, современ простор на површина од 2.250 м² со зголемена безбедност, видео-надзор и нови контролни рампи со безжично управување. Ќе направам се Центар повеќе да не зависи од никого кога станува збор за одржување на хигиената. Имаме одлична база , мотивирани работници со солидни плати и со одлична организација. Центар е единствената општина што улиците ги чисти со шмркови и што секојдневно мете со метларки“, рече Герасимовски.


Тој нагласи дека веќе се преземаат конкретни мерки. Минатата недела, поради постојаното потфрлање на ЈП „Комунална хигиена“, Општина Центар изнајми ѓубретарки со голем капацитет за собирање и транспорт до депонија, мала цистерна, специјализирана метларка, возило-цистерна за миење и перење улици, возило за подигање и транспорт на метални контејнери и машина за бележење на хоризонтална сигнализација.

Контејнерите за кабаст отпад се веќе поставени на клучните локации во Центар, а механизацијата е целосно оперативна, посочи градоначалникот.

Герасимовски истакна дека само со добра координација меѓу градот и општината може да се спроведат програмските приоритети кои им се заеднички: чист град, користење соларни извори на енергија и урбанистичко планирање и инфраструктура базирана врз еколошки вредности.

Можете да прочитате

Ѓеорѓиевски: Мал гест, голема радост за учениците со оштетен вид

Ливриниќ: За чист, транспарентен и младешки Бутел – кандидатката која ветува резултати, не празни зборови

Филипче: Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ го дават Скопје во смет