Утрински Весник
Скопје
Img 7972

Герасимовски: На 19 октомври да гласаме „За Центар што го сакаме”, единствениот и победнички концепт за развој на Центар

Od vrata do vrata 16.jpeg
300x250 opst2

Кандидатот за градоначалник на Општина Центар од редовите на СДСМ Горан Герасимовски, вчера на терен „од врата до врата” со центарци дискутираше за проектите што треба да се реализираат во новиот мандат.

Тој, најави бројни капитални проекти како изградба на градинка со капацитет од 100 деца, изградба на дом за стари лица кадешто е предвидено вработување на 25 негователи, изградба на нов административно-граѓански објект, како и два затворени базени.


„Во новиот мандат работиме за сите граѓани поеднакво, реализираме проекти за децата, за младите, за возрасните, но и за пензионерите. Воведуваме бесплатен оброк за ученици во целодневна настава, а на учениците од петто до деветто одделение им следува бесплатна екскурзија низ Македонија. За 50% ги зголемуваме стипендиите за талентирани ученици, за 50% ги зголемуваме и субвенциите за новороденче. Вложуваме и во подобар квалитет на живот на пензионерите. Од 2.500 на 5.000 денари ја зголемуваме еднократната парична помош на пензионерите со пониска пензија”, вели Герасимовски.

Герасимовски, истакна дека на 19 октомври победува концептот „За Центар што го сакаме” затоа што развојот на Центар мора да продолжи.

„Поддршката од граѓаните е голема, во изминатите четири години направиме многу за нашата општина. Реализиравме над 90% од програмата. Денеска, Центар е нова и успешна приказна која мора да продолжи да се развива по победата на локалните избори. Ги повикувам сите центарци да го направат вистинскиот избор за Центар, за поубава и подобра општина”, потенцира Герасимовски.

Можете да прочитате

Бујар Османи: Имам јасен план, сите згради во Чаир ќе имаат лифт

Герасимовски: Буџетот за култура двојно се зголемува, македонската култура, автори и уметници имаат вистинска поддршка во Центар

Злоупотребата на институциите за партиски цели кулминира во Чаир: Османи најави ревизија на сите сомнителни проекти