Утрински Весник
Скопје

Герасимовски: На 13 декември ја отвораме новата сала „Работнички” – гордоста на Центар

Whatsapp Image 2024 12 17 At 11.48.55 F42725aa.jpg
Dik 300x250 mk

„Условите во градинките и училиштата се значително подобрени. Имаме реконструкции во сите градинки и училишта, нова градинка во Пролет, доградба во „Коле Неделковски”. Инфраструктурата исто така е многу подобрена, реконструирани се 23 улици за еден мандат”. Ова го истакнува кандидатот за втор градоначалнички мандат од редовите на СДСМ Горан Герасимовски во интервјуто за медиумот „Пари”.

Тој потенцира дека значително е подобрен животот на пензионерите, со три нови пензионерски домови, низа социјални услуги и финансиска поддршка за оние со ниски примања, бесплатни екскурзии и низа поволности.


„Возрасните се категорија за која многу се погриживме, затоа што имаме исклучително висок процент на возрасни лица во Центар. За младите вложивме многу во културата, буџетот го зголемивме тројно. Имаме низа настани и концерти, но и реална поддршка како платена пракса во Општината, поддршка за невладините организации и слично. Во спортот исто така вложивме многу, на 13 декември ќе ја отвориме новата сала „Работнички”, гордоста на Центар, капитален проект од огромно значење кој е во завршна фаза. Но, секако дека има уште многу што да се заврши, и затоа ја барам поддршката да продолжиме чесно, посветено и во вториот мандат да направиме целосна трансформација на општината”, порачува Герасимовски.

Можете да прочитате

Влијаеше ли црната листа на стратешкиот пријател на одлуката на Филипче за Карпош?

Мециновиќ: Повикувам на поддршка од сите здраворазумни луѓе, од граѓанскиот сектор – победата ќе биде надпартиска, таков ќе биде и мандатот

Герасимовски: Со преземање на ингеренции на Комунална хигиена и формирање општинско претпријатие го решаваме проблемот со сметот