Утрински Весник
Скопје

Герасимовски: Крводарителска акција денес во општинска Сала на совет, дарувањето крв спасува животи

469044047 1016532080487234 3685433037246191116 N.jpg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски информира дека денеска во соработка со Црвен Крст ОО Центар ќе се реализира крводарителска акција од 09:00 до 14:00 часот во општинската Сала на совет – барака 6.

„Дарувањето крв претставува највисок чин на хуманост кој може да спасува животи. Секоја доза на дарувана крв е непроценлива за пациентите кои се во животна опасност или на кои им се потребни медицински интервенции. Придобивките од дарувањето крв се огромни, покрај помагањето на оние кои им е најпотребна, исто така придонесувате и за подобрување на вашето здравје. Сите граѓани кои денеска сакаат да даруваат крв можат тоа да го направат во периодот од 09:00 до 14:00 часот во општинската Сала на совет – барака 6.  Заедно да изградиме посилно и солидарно општество”, истакнува Герасимовски.

Можете да прочитате

Делови од Бутел без струја

Без струја викендов делови од општините Бутел и Чаир

Град Скопје започна акција за расчистување на бесправно изградените и узурпирани објекти