Утрински Весник
Скопје

Герасимовски: Ja отстранувамe дивата депонија во Буњаковец, следува дезинфекциja

Bunjakovec 3.jpeg

Соопштение за јавност на Општина Центар:

Во тек се активностите за целосно расчистување на дивата депонија зад катната гаража во Буњаковец. Ангажирана е соодветна механизација и камиони за отстранување на отпадот, меѓу кој има токсични материјали, азбестни плочи и друг опасен отпад што претставува сериозна закана за здравјето на жителите и животната средина.


Местото подолг период било користено како магацин-депонија од несовесни лица, каде во непосредна близина на станбени згради и спортското игралиште во рамки на ООУ „Јохан Хајнрих Песталоци” се складирале различни видови отпад.

Ваквите диви депонии претставуваат сериозен ризик за околината, бидејќи се потенцијален извор на заразни болести и појава на штетни инсекти и глодари.

„Се работи за дива депонија која со години наназад била заградена и присвоена, невидлива за граѓаните, а во неа се складирал секаков вид отпад. Нашите инспекции лоцираа и други слични диви депонии и смет во околината. Планираме нивно целосно отстранување и уредување на просторот”, истакна градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски.

По целосното расчистување, просторот ќе биде дезинфициран и уреден за да се спречи понатамошно загрозување на здравјето на жителите и да се обезбеди чиста и безбедна околина.

Можете да прочитате

Герасимовски: Почна реконструкцијата на улица „Ленинова”, воведен привремен режим на сообраќај

Бесплатни превентивни прегледи на платото пред Здравствен дом „Железничар“ за Меѓународниот ден на здравјето

ВИДЕО Хаос со новиот возен ред на ЈСП: Патници се жалат на доцнења и гужви