Утрински Весник
Скопје

Герасимовски: Граѓанскиот буџет 2025 достапен онлајн, со еден клик до транспарентна и активна улога на граѓаните

Goran 1536x1023 1.jpg

Општина Центар информира дека на официјалната веб-страница е објавен Граѓанскиот буџет за 2025 година. Овој документ, подготвен во едноставен и разбирлив формат, обезбедува увид во приходите, расходите и планираните капитални инвестиции на општината, претставувајќи ги приоритетите и стратешките определби на локалната самоуправа.

„Граѓаните преку оваа апликација можат да имаат увид во тоа како се креира буџетот, како се трошат нивните пари и кои се планираните проекти и активности во општината. Граѓанскиот буџет е наменет исклучиво за јавноста и има цел да ја зголеми транспарентноста и отчетноста за тоа како се управува со буџетските средства. Неговата достапност овозможува поактивно учество на граѓаните во креирањето и спроведувањето на локалните политики”, вели градоначалникот Горан Герасимовски.


Дополнително, на веб-страницата на Општина Центар е достапна алатката „Мој буџет”. Дел од процесот се и Буџетските форуми, кои Општина Центар ги организира секоја година, овозможувајќи им на жителите на локалната самоуправа со свои предлози активно да влијаат врз креирање на буџетот.

Покрај ова, со цел да обезбеди активна и директна комуникација, во општината редовно се организираат отворени денови со граѓаните каде што тие имаат можност да ги споделат своите забелешки и идеи со надлежните служби.

Истовремено, можат да остварат средби и со градоначалникот за да се информираат за актуелни проекти, поставуваат прашања, учествуваат во дискусии и даваат предлози за важни локални прашања.

Можете да прочитате

Утре без вода една улица во општина Карпош

Црн чад секојдневно се шири од палење на отпад во кругот на „Ранка Милановиќ“ во Скопје

За утре најавени два прекини во водоснабдувањето во една скопска општина