Утрински Весник
Скопје

Герасимовски: Го враќаме чаламот на Работнички со документарен филм и нова сала

Screenshot 20251022 100417 gallery.jpg

Синоќа, во хотел „Холидеј Ин” се одржа премиерата на документарниот филм „Вратете ни го чаламот”, посветен на најголемите успеси на најтрофејниот македонски кошаркарски клуб – „Работнички”.

На премиерата присуствуваа градоначалникот Горан Герасимовски, кошаркарски легенди, членови на тимот на „Работнички” и претставници од спортските федерации.


Во своето излагање, градоначалникот Горан Герасимовски потенцираше дека филмот е потсетник на славните времиња на клубот, но и инспирација за враќање на неговиот препознатлив дух и гордост.

„Вечерва не се присеќаваме само спомени, туку го обновуваме чаламот што со децении го красеше „Работнички”. Оваа сала е полна со луѓе кои го создале и го поддржувале клубот, со легенди што го направиле голем, и со нова генерација што ќе го врати неговиот сјај во Центар,” изјави Герасимовски.

Документарниот филм е во продукција на „Слобода филм”, а финансиски поддржан од Општина Центар.

Можете да прочитате

Левица: Учениците  во училници без парно, градоначалникот Митевски си тера фотосесии

Герасимовски: Отворен конкурс за проекти што носат нова енергија на културната сцена на Општина Центар

Герасимовски: Годинава стартуваме нови проекти со пензионерите, „Носталгија за корзо“, екскурзии, едукативни работилници и Спортски игри 2026