Утрински Весник
Скопје

Герасимовски го доби уверението за втор градоначалнички мандат: Продолжуваме да работиме за сите центарци

1408e53c 79b8 4c73 865d 646c0ba8f0a2.jpeg

Денеска, официјално им беа врачени уверенијата за втор мандат на градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, како и на советниците кои во следните четири години заеднички ќе ги носат сите проекти за развој на општината. 

„Честа да се води Општина Центар повторно ми ја дадоа граѓаните, а тоа е најголемата обврска и мотивација. Во вториот мандат остануваме посветени на проектите што ја прават општината пофункционална, поздрава и подобра за живеење. Ќе продолжиме со политики кои носат реални промени, со транспарентно и одговорно работење во интерес на сите жители на Центар. На советниците им посакувам многу успех и заеднички да продолжиме кон поубав развој на општината”, вели Герасимовски. 

Можете да прочитате

Објавен јавен повик за субвенции за чистење на оџаци во Општина Гази Баба

Посебен режим на сообраќај денеска во Скопје поради посета Курти

Утре делови од Карпош без вода Скопје