Утрински Весник
Скопје

Герасимовски: Ќе победиме со двојно поголема разлика во вториот круг

Fasadi.png

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, реагираше на засилената негативна кампања во вториот изборен круг, оценувајќи дека таа е резултат на јасниот сигнал што граѓаните го испратија уште во првиот круг.

„Ги гледаат анкетите, ги видоа резултатите од првиот круг и се обидуваат на секој можен начин – преку црни кампањи, омаловажување, притисоци и ширење лаги – да направат подобар резултат. Но таа работа во Центар и кај центарци не проаѓа“, изјави Герасимовски.


Според него, противкандидатот настапува без реална понуда за граѓаните и со програма што е буквално препишана од неговата. Потенцираше дека граѓаните се доволно информирани, но и мудри да направат јасна и праведна разлика.
„Центарци знаат да проценат, но знаат и да донесат правична одлука. Убеден сум дека во вториот круг ќе ја добиеме целосната поддршка и дека предноста ќе се зголеми двојно“, изјави тој.

Герасимовски нагласи дека во текот на целиот свој мандат се водел исклучиво од интересот на граѓаните и од принципите на транспарентност и рационално трошење на јавните средства. Како што рече, еден е од ретките градоначалници кој во изминатите четири години нема потрошено ниту еден денар на непродуктивни трошоци, како патувања, скапи ресторани, патни трошоци и дневници.

„Тоа е добар пример како треба да се менува перцепцијата кај граѓаните – дека градоначалникот не е некој што седи во фотелја и троши, туку некој што одговара пред граѓаните за секој денар“, порача тој.

Во изминатиот мандат, Општина Центар реализирала капитални проекти во вредност од 13 милиони евра. Општината, како што посочи, не е дополнително задолжена, а наследените долгови се намалуваат. Неговите очекувања се дека целосно ќе се раздолжи општината во текот на следната година.

„Граѓаните го препознаа домаќинското работење. Препознаа дека работиме целосно во нивен интерес – и затоа верувам дека поддршката што ја добивме досега ќе прерасне во уште поголема доверба“, изјави Герасимовски.

Можете да прочитате

Дел од центарот на Скопје денеска без вода

Орце Ѓорѓиевски се сретна со поранешниот претседател Ѓорге Иванов

Возачите на ЈСП ќе си ја плаќаат казната ако поминат на црвено