Денес, во салата за состаноци на Советот, на пригодна свеченост, градоначалникот Горан Герасимовски ја додели годишната награда на Општина Центар – „Феникс“ за 2022 година.
Годинава признание добија десет ученици и студенти што се истакнале во разни спортски дисциплини: во стопанството, уметноста, образованието, како и во други области на трудот и творештвото и покажале исклучителни резултати на натпреварите.
„Добивањето награда е причина за задоволство не само за оние што ја примаат туку и за оние што ја доделуваат. Како градоначалник на општина Центар сакам да ви оддадам признание за тоа што покажавте како со успех може да се спојат училишните обврски, умешноста и знаењето. Вашите постигнувања веќе се пример за врсниците, но и за повозрасните“, им порача Герасимовски на победниците.
![]()
Тој им посака на младите со ист интензитет да продолжат да го надградуваат својот талент преку училишните клупи, на спортските терени, во просторот на уметноста.
За своите постигнувања, диплома и паричен износ од 16.000,00 денари добија:
– Петар Ацевски, за постигнувања во спортот – фудбал
– Ева Малиновска, за постигнувања во културата – музика
– Ана Левеска, за постигнувања во науката – биологија
– Кристијан Јанев, за постигнувања во спортот – тенис
– Стефан Новковски, за постигнувања во спортот – тенис
– Теона Димитриевска, за постигнувања во класичниот балет
– Марио Брезовски, за постигнувања во спортот – триатлон
– Мила Христовска, за постигнувања во музиката
– Петар Бошку, за постигнувања во образованието и
– Лука Дворник, за постигнувања во спортот – пинг-понг



