Утрински Весник
Македонија

Герасимовски: Денешната дојава за бомба во ,,Кочо Рацин” е лажна, граѓаните да бидат спокојни

Герасимовски: Денешната дојава за бомба во ,,Кочо Рацин” е лажна, граѓаните да бидат спокојни
Dik 300x250 mk

Општина Центар по однос денешната информација за поставена бомба во ООУ „Кочо Рацин“ на Водно ја информира јавноста дека станува збор за лажна дојава.

dobivaj vesti na viber

Откако на мејл адреса на основното училиштето е упатена закана за поставена експлозивна направа, веднаш е пријавено во Министерството за внатрешни работи по што полициски службеници веднаш го евакуираа училиштето.

Преземени се сите мерки и антитерористички проверки, при што утврдено е дека станува збор за лажна пријава.

Ова е прва дојава за бомба во основно училиште. Пред 20-на дена дојава за бомби преку електронски пат имаше во неколку средни училишта во Скопје.

Општина Центар во соработка со надлежните институции ги презема сите неопходни мерки за заштита на учениците и сите вработени во образовните институции.

Можете да прочитате

По 20 години на политичката сцена Ахмети размислува за повлекување?

Се официјализира соработката: ВРЕДИ со поддршка за Мирослав Лабудовиќ

Кривичен одреди притвор и куќен притвор за осомничените за лихварство и перење пари