Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Герасимовски: Центар редовно ќе ги мие улиците во општината

Герасимовски: Центар редовно ќе ги мие улиците во општината
300x250 opst2

Општина Центар продолжува со интензивно одржување на јавната хигиена, миење и чистење на улиците, контејнерите и урбаната опрема.

dobivaj vesti na viber

Градоначалникот на Центар Горан Герасимовски најави наводнување на садниците и миење на улиците и контејнерите доцна попладне особено за време на екстремно високите температури. Денеска цистерната ги миеше улиците и контејнерите зад Универзалната сала, кај Вучко во населба Буњаковец и кај ООУ „Јохан Хајнрих Песталоци“, а утре ќе продолжи во Дебар Маало.

„Години наназад не ги гледаме градските цистерни по улиците кои ја миеја прашината и ги освежуваа улиците. Прашината која не ја гледаме но ја дишеме всушност е дел од севкупното загадување и затоа е неопходно нејзино миење. Цистерната на ЈП „ПОЦ“ секое утро и попладне особено за време на овој бран со екстремно високи температури ќе поминува во сите населби и ќе ги мие локалните улици. Одржувањето на јавната хигиена мора да продолжи затоа денеска попладне цистерната беше активна во Буњаковец“, изјави Герасимовски.

Цистерната на Општина Центар активно ги миеше улиците и минатата недела кога градоначалникот Герасимовски најави самостојно чистење на општината поради застојот на работата во градското претпријатие „Комунална хигиена“. Јавната хигиена е слика на општината затоа Општина Центар се обидува да таа да биде високо позитивна.

Можете да прочитате

Јавно извинување до компанијата „Булмак“

ДСР: Поддршка за листата на коалицискиот партнер ВМРО-ДПМНЕ во Гостивар

ДСР: Поддршка за листата на коалицискиот партнер ВМРО-ДПМНЕ во Гостивар