Утрински Весник
Македонија

Герасимовски: Бесплатни стоматолошки услуги за децата од градинките кои доаѓаат од семејства во социјален ризик

Герасимовски: Бесплатни стоматолошки услуги за децата од градинките кои доаѓаат од семејства во социјален ризик

Општина Центар обезбедува бесплатно орално здравје за децата во социјален ризик од сите три матични градинки „13 Ноември“, „Корчагин“ и „Кочо Рацин“ и сите објекти клонови или вкупно 11 објекти. Преку овој проект покрај поправката на запчиња децата ќе може да добијат и корисни совети за правилното четкање на забите и важноста за редовно одржување на оралното здравје. Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски, вели дека важноста на одржување на оралното здравје има суштинско значење во квалитетот на животот и самодовербата кај децата која ја носи здравата насмевка.

dobivaj vesti na viber

„ На мое задоволство оваа година го прошируваме проектот и ги вклучуваме и децата од градинките. Здравите запчиња не значат само убава насмевка туку правилно функционирање на организмот и во целост. Одржувањето на оралното здравје треба да се практикува уште од најрана возраст и токму тоа е нашата цел, дечињата уште од мали да стекнат навики за редовно миење и правилно четкање на запчињата“, посочува Герасимовски.

Досега бесплатни прегледи на Стоматолошкиот факултет добиваа ученици од основните училишта во Центар кои доаѓаат од семејства во социјален ризик, а оваа година покрај децата од градинките бесплатни стоматолошки прегледи добиваат и сите пензионери во Општина Центар.

Можете да прочитате

ВМРО ДПМНЕ: Арсовска е креаторот и изворот на хаосот во јавните претпријатија и во Градот Скопје

(Видео) Со колони знамиња прославено во Скопје Денот на албанското знаме

Јаневска: Директорот во студентскиот дом „Пелагонија“ набавил пилешко по цена од 570 денари за килограм