Утрински Весник
Скопје

Герасимовски: Барам веднаш Градот Скопје и Арсовска да го исчистат ѓубрето во Центар, недозволиво е центарот да изгледа вака

Whatsapp Image 2025 01 27 At 09.01.13.jpeg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски информира дека градот Скопје под раководство на градоначалничката Данела Арсовска не си ги исполнува своите основни работни обврски и утрово, ѓубрето не е исчистено од улиците на Центар под чија надлежност е градот.

„Барам итно денеска градот Скопје да си ја заврши својата работа и да го исчисти ѓубрето во Центар кадешто градот и градоначалничката Данела Арсовска се надлежни. Недозволиво е центарот да Скопје да изгледа вака, јавните површини се акумулирани со ѓубре коешто не само што го загрозува здравјето на граѓаните, туку ја нарушува и животната средина. Апелирам до Арсовска и градската администрација веднаш да се фатат за работа и да ги исчистат улиците во Центар за кои самите се надлежни! Неопходно е веднаш да се интервенира и да се осигура чистотата на улиците”, алармира Герасимовски.


Можете да прочитате

Ѓорѓиевски: Цементарница ,,Усје” не е единствениот проблем

До април Скопје добива 40 нови камиони за ,,Комунална хигиена”

Сериозен случај на семејно насилство во Карпош: Маж нападнал сопруга и мајка