Утрински Весник
Скопје

Герасимовски: Јавен повик за финансиска поддршка на Светски ден на поезијата – преку музиката го славиме македонското литературно богатство

Svetski Den Na Poezija.jpeg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Општина Центар ги повикува сите заинтересирани културни работници, здруженија и организации од областа на културата и уметноста да аплицираат на јавниот повик за финансиска поддршка на проектот „Светски ден на поезијата”.

Целта на проектот е да се потенцира значењето на пишаниот збор и да се промовира поезијата како дел од културното наследство преку спојот на поезијата и музиката.


Во рамките на проектот, е предвидено да се изработат музички аранжмани на безвременските дела од македонската литература, нудејќи богато и оригинално искуство за публиката.

„Оваа уникатно поврзување на поезијата и музиката ќе биде претставено на 21 март, на Светскиот ден на поезијата. Цел е да ги поттикнеме нашите уметници да ги спојат во хармонија  нотите и зборовите, создавајќи ново искуство кое ќе ја приближи поезијата до секој”, порача градоначалникот Горан Герасимовски.

Право на учество на јавниот повик имаат физички лица, здруженија и правни субјекти од областа на културата со седиште на територијата на Општина Центар.

При изборот на проектите ќе се земат предвид оригиналноста на идејата, референците и портфолиото на апликантите, како и прифатливоста на финансиската конструкција. Вкупниот буџет за поддршка на проектот изнесува 400.000 денари.

Рокот за поднесување на пријавите е 5 дена од денот на објавување на јавниот повик на веб-страницата на Општина Центар: https://www.centar.gov.mk/?p=24656

Проектот е дел од Програмата за култура на Општина Центар за 2025.

Можете да прочитате

Додека Скопје се гуши од загаден воздух, врват криминални тендери, велат од СДСМ

Маглата го отежнува сообраќајот на Аеродром Скопје – откажани 20 летови

Завршена целосната демонтажа на стариот радар на Аеродромот Скопје