
Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, ги повикува здруженијата, организациите и уметниците од Центар да се пријават за финансиска поддршка за проектот „Светски ден на уметноста”.
Во рамките на настанот, на центарските улици ќе се организираат уметнички улични перформанси по примерот на поголемите светски културни центри, со учество на музички, акробатски, танцувачки и други изведувачи кои со своите точки ќе создадат уште една центарска приказна.
„Ги повикувам сите заинтересирани да се пријават и да предложат програма што ќе ја доближи уметноста до граѓаните и ќе создаде уште една убава центарска приказна”, порача Герасимовски.
Рокот за поднесување на пријавите е 5 дена од денот на објавување на повикот на веб-страницата, а пријавите може да се достават по пошта или во Архива на Општина Центар.
Деталите се достапни на https://www.centar.gov.mk/za-gragjanite/povici/javni-povici

