Утрински Весник
Скопје

Герасимовски: Акција за собирање кабаст отпад на локации во Пролет, Водно и Буњаковец

Kabast Otpad.jpeg

Општина Центар започнува нова акција за собирање кабаст отпад, со цел заштита на животната средина и подобрување на квалитетот на живот во локалната самоуправа. Во периодот од 15ти до 20ти во наредните три месеци – февруари, март и април, граѓаните ќе можат бесплатно да го одложат кабастиот отпад на три локации:

– Во населба Пролет, кај Феријален дом;
– На Водно, кај КТК до контејнерите;
– Во Буњаковец, кај контејнерите кај Вучко.


„Апелирам до сите да ја искористат оваа можност и на еколошки начин да се ослободат од кабастиот отпад. Да ги чуваме нашите улици чисти и да придонесеме кон поздрава животна средина!” – порача градоначалникот Герасимовски.

Акцијата се спроведува согласно Акцискиот план за чист воздух и во соработка со Министерството за животна средина и просторно планирање. Дополнително, службите на локалната самоуправа активно спроведуваат голема кампања за чистење на општината под мотото „Центар не чека, Центар чисти”. Оваа иницијатива доби силна поддршка и позитивни реакции од жителите.

Заедно со граѓаните продолжуваме да создаваме чиста и уредена општина, во која приоритет ќе биде здравата животна средина.

Можете да прочитате

Нема закон за моќните – знакот бутнат, паркингот обезбеден за Владините возила

Пола Скопје повторно без вода!

Уставен суд не поведе постапка за иницијативата на Арсовска, во Ѓорче сепак ќе се градат над 30 нови згради